,

Ураганката драстично го промени имиџот: Ксенија со новата боја на коса и шишки изгледа егзотично (ФОТО)

„Колку е убава“, „Најубава“, „Бојата и фризурата се врв“, „Гориш“, беа коментарите под новите фотографии на Ксенија Кнежевиќ - член на музичката група „Hurricane“ која ја претставуваше Србија на Евровизија. 

Ксенија Кнежевиќ ја промени нејзината фризура повторно, а обожавателите велат дека изгледа најубаво досега.

Имено, по Евровизијата, познатата пејачка реши да ги скрати шишките и да премине за една нијанса во потемна црвена коса, па сега е вистинска огнена црвенокоса.

Ксенија, со долгата бујна коса и совршени бранови, плус убава шминка го комплетираше целиот изглед.

Ураганката позираше во црна маица, сини фармерки и црн ремен околу нејзината половина, а фановите велат дека во последно време се разубавила и дека блеска. 

Да потсетиме, Ксенија, која заедно со своите колешки Сања Вучиќ и Ивана Николиќ ја претставуваа Србија на Евровизија во Ротердам, ја изгуби баба си во моментот кога настапуваше на музичкото натпреварување.

Бабата на Ксенија починала пред последниот настап, а членовите на нејзиното семејство одлучиле да не ја повикуваат, за да не ја вознемируваат додека сè уште трае натпреварот.

извор:telegraf.rs