„На 15 мај во 1984 год. кажав „ДА“ . Сега 15 мај 2024 побогата со 5 внучиња“: Дракче емотивна за годишнината од бракот

„На 15 мај во 1984 год кажав ДА
Сега 15 мај 2024 год исто ДААА побогата со 5 внучиња..
Нека Бог не штити од лошо“ , ова е пораката која утринава познатата водителка Драгица Стевковска Дракче ја сподели на социјалните мрежи по повод годишнината од бракот со Орце кој годинава означува 40 години.

Дракче е во брак со пејачот Орце Стефковски кој долги години е на македонската музичка сцена.

„Пукнала мајко треснала“ „Убава Калина“, „Царот Неготински“, , „Глас се слуша, плач и лелек“, „Се заљубив на стари години“, како и познатата песна „Од кај дојдовте“, се дел од песните на Орце.

Орце и Дракче запловиле во брачните води во далечната 1984 и во тие води успешно пловат и денес.

Својот спокој го наоѓаат во нивниот дом во селото Ржаничино, Петровец во Скопје.

Во едно свое интервју таа истакна дека за да се зачува еден брак потребно е многу разбирање и правење отстапки.

И покрај тоа што живееме во земја каде секој сака да дознае што се случува кај соседот, Дракче смета дека клучот за хармонијата во домот е во тоа да се слуша само мислењето на блиските.

Кратко време Дракче направи пауза, па повторно се врати на ТВ етерот каде публиката ја обожава, а таа ужива во својата работа.


ФОТО: Фејсбук / Драгица Стевковска

Драгица Стевковска: Се родив како седмаче, мислеле дека сум мртва, пред да ме погребаат сум заплакала - ме однеле кај Баба Ванѓа да ми ја предвиди судбината