Марија многу тешко ја поднесе мојата болест: Верица Шерифовиќ за искуството со ракот

Пејачката на народна музика Верица Шерифовиќ пред 6 години храбро се соочи со рак на дојка. Мајката на Марија Шерифовиќ, тогаш беше оперирана на Институтот за онкологија и радиологија во Белград.

Во разговорот за српски „Курир“ фолк-пејачката со насмевка на лицето вели дека е сѐ е во ред, а најлошото останало зад неа. Меѓутоа, признава и оти на нејзината ќерка, Марија кога дознала дека таа е болна ѝ било многу тешко.

„Марија и јас здивнавме дури кога сѐ беше завршено“.- Верица Шерифовиќ 

„Страшно е кога нешто такво ќе дознаете. На Марија ѝ беше многу тешко да ја поднесе мојата болест. Но, среќа што беше откриена на време, и сега е сѐ  во ред. Можевме да здивнеме дури кога сѐ беше завршено“, изјавила пејачката и додала дека на среќа, туморот бил во рана фаза.

Во 2015 година, Верица исто така имала проблеми со здравјето, кога ја оперирала штитната жлезда.

„Сѐ започна кога таа забележа дека многу брзо почна да се заморува и дека има некој вид на гушење. Општиот лекар ѝ рекол да направи ендокринолошки преглед, па по ултразвукот ѝ открија тумор на штитната жлезда“, изјавил тогаш извор за „Курир“. Шерифовиќ брзо закрпенала со поддршка на нејзината ќерка.

„Добро сум, напорно работам и многу се движам“, изјавила Шерифовиќ неодамна.