Врската ја криеја до последен ден: Се венчаа бугарската принцеза и јорданскиот принц (ФОТО)

Кралската венчавка се одржа минатиот викенд.

Миријам Унгрија Лопез стана дел од јорданското кралско семејство. Таа минатиот викенд се омажи за принцот Гази бин Мохамед, близок роднина на јорданскиот крал Абдула Втори.

Церемонијата се одржа во палатата Регадан во сабота, 3 септември.

Двајцата не се појавуваа заедно во јавноста, па многумина не знаеја дека меѓу нив има нешто, поради што и оваа венчавка беше големо изненадување.

Кралскиот хашемитски двор објави дека венчавката била одржана во присуство на кралот Абдула Втори, а покрај него на церемонијата присуствуваа и принцот Ел Хасан и принцот Талал.

- Во оваа прилика, Кралскиот Хашемитски двор упатува искрени честитки до неговото височество и кралското височество принцот Гази и принцезата Миријам Гази и им посакува доживотна среќа - заедно со соопштението објавија и портрет на младенците кои стојат со кралот Абдула.

Дона Миријам Угрија Лопез е родена во шпанско благородничко семејство, а нејзиниот прв брак беше со бугарскиот принц Кардам, син на кралот Симеон Втори од Бугарија.

Таа има два сина од тој брак, принцот Борис и принцот Белтран. Кардам почина во 2015 година откако беше во кома една година, а на негово место на бугарскиот трон дојде Норис. Мирјам беше вдовица и принцеза на Трново.

 Како член на кралското семејство, принцезата Миријам работеше како дизајнер на накит и создаде своја сопствена линија на накит што ја нарече Mdeu, кратенка за Миријам де Унгрија.

Принцот Граци исто така претходно беше оженет. Тој се ожени со Ареј Завави во 1997 година и со неа има четири деца: принцезата Таснем, принцот Абдула, принцот Џена и принцот Салсабел.

извор:GLOSSY