Светот се воодушевуваше на нејзината убавина, а пластичните операции ја унакажаа: Славната Евангелиста се враќа во модата како нова

Линда Евангелиста се враќа во светот на манекенството по долго отсуство предизвикано од лошата естетска хирургија.

Во саботата, манекенката сподели слика од нејзината соработка со култниот моден бренд Фенди. Ова е првата манекенска работа што ја презема откако минатата година ѝ откри на јавноста сè за нејзиниот кошмар за пластична хирургија - поради што нејзиното лице беше изобличено.

- На 9 септември 2022 година, Фенди ќе биде домаќин на специјална модна ревија во Њујорк за да ја прослави 25-годишнината од багет чантата, дизајнирана од Силвио Вентурини, и две години откако Ким Џонс се приклучи на Мезон како уметнички директор за мода и женска облека, напиша 57-годишната манекенка во описот на сликата на нејзиниот Инстаграм профил.

View this post on Instagram

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)



-На моите следбеници кои се прашуваа зошто не работам додека напредуваа кариерите на моите врсници, причината е што бев „брутално унакажана“, изјави Линда во една прилика.

Евангелиста поднела тужба од 50 милиони долари против компанијата CoolSculpting Zeltik Aesthetics Inc. во септември, тврдејќи дека таа не е во состојба да работи откако била подложна на седум третмани во дерматолошка ординација помеѓу август 2015 и февруари 2016 година.

За време на едно големо интервју претходно оваа година, таа рече дека нејзиниот лекар и дијагностицирал пулмонална хипертензија во јуни 2016 година, пренесува People.

- Ми кажа дека ниту една диета и ниту едно вежбање никогаш нема да го поправат тоа, се присетува таа.

View this post on Instagram

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)



Во изјава за списанието, претставник на CoolSculpting рече дека процедурата е „добро проучена со повеќе од 100 научни публикации и повеќе од 11 милиони третмани извршени ширум светот“ и додаде дека ретките несакани ефекти како што е пулмоналната хипертензија „се уште се добро документирани во Информативна база на CoolSculpting за пациенти и здравствени работници“.

View this post on Instagram

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)



Додека нејзиниот случај се движи на својот пат низ правниот систем, Евангелиста рече дека се обидува да си го врати животот, останувајќи оптимист дека споделувајќи ја својата траума, ќе им пружи утеха на другите кои страдаат од слични ситуации.

- Се надевам дека ќе успеам да се ослободам од мојот срам и да им помогнам на другите луѓе кои се во иста ситуација како мене. Тоа е мојата цел, рече тогаш таа.

Потсетуваме, Линда беше една од најубавите супермодели во деведесеттите и заедно со Кејт Мос, Наоми Кембел ги водеше ревиите на сите најголеми модни куќи во светот.


извор: жена.блиц.рс

Фото: Инстаграм

„Брутално сум унакажана и крајно деформирана“: Мачна и болна исповед на некогаш најубавата суперманекенка

Не се препознавам, но повеќе нема да се кријам: Линда Евангелиста покажа како изгледа по третманот кој ја деформираше