Во пресрет на големиот концерт предвиден да се одржи овој октомври во Арената Борис Трајковски, Калиопи е доста активна на социјалните мрежи и често споделува објави поврзани со големиот настан. Посебно е посветена на Инстаграм профилот каде осамна и едно видео со нејзина фотографија и дел од песната „Ако денот ми е ноќ“.
Она што пејачката посебно го истакна се зборовите:
„… Ако денот ми е ноќ, ќе сковам ѕвездена потковица, зошто денот ми е ноќ а барам само топла перница …“
Eдно е сигурно, овие емотивни стихови ќе се пеат во еден глас и на денот на големиот солистички концерт на дивата, секако, заедно со останатите нејзини големи хитови.
Фото:Инстаграм