Мајка на три деца отишла во Турција на операција за подигање на задник, па починала неколку дена подоцна: Доживеала повеќе срцеви удари

Мајката на три деца Деми Агоља (26) од Манчестер, Велика Британија, почина неколку дена откако беше подложена на операција за подигнување на задникот во Турција. Таа претрпела повеќе срцеви удари предизвикани од масна емболија. Лекарите тврделе дека хируршката процедура била успешно изведена. За жал, често се случуваат слични приказни за одредени пластични операции кои се вршат во Турција и доведуваат до смртоносен исход, иако секој случај треба да се истражува поединечно.

Деми Агоља се жалела на болки во градите неколку часа пред да пристигне во Манчестер. Месната емболија наведена е блокада на луменот на крвните садови или срцеви комори од масни капки кои влегуваат во крвотокот. Нејзиното семејство рече дека Деми се вратила на клиника во Истанбул за преглед, но претрпела срцев удар во такси на пат кон болница, нејзиниот партнер Бредли Џонс ѝ дал прва помош, во очајнички обид да ѝ го спаси животот. Таа била префрлена на интензивна нега и починала во понеделникот.

Мајката на три деца, која роди момче пред седум месеци, имаше неуспешна стоматолошка интервенција пред фаталната операција на задник, како и друга операција, чии детали не се објавени.

Нејзиниот брат Карл (37) рече дека нејзиното семејство ја убедило да не оди на фаталната операција поради страв за нејзината безбедност:

„Трагично е тоа што се случи. Ние сме само во шок. Таа отиде во Истанбул за таа операција. Ако некој размислува да оди во Турција за операцијата, јас би рекол да не го прави тоа! Дури и нејзиното момче не сакаше таа да го направи тоа, но таа имаше 26 години и имаше свое мислење. Ниту нејзината мајка не ја поддржувала во тоа“.

Карл истакна дека не се познати сите детали за трагедиите и дека се чекаат резултатите од обдукцијата. Нејзината сестра Георгина на Тик Ток објави: 

„Вчера ја изгубив сестра ми. Многу ми недостигаш, Деми. Ништо повеќе не изгледа реално. Како е можно да те нема?".

„Сан“ пишува и дека мајката на Деми Агоља неодамна го победила ракот.


Foto: Facebook

Извор: Жена.блиц.рс