Прва фотографија на Лима и нејзиниот син: Славната Бразилка со една реченица ја опиша најмоќната љубов на светот, а малиот ги воодушеви сите

Адријана Лима на специфичен и прекрасен начин на почетокот на овој месец објави дека добила син, а сега ја објави и првата фотографија со бебето, со трогателен излив на љубов.

Славната Бразилка и нејзиниот партнер, филмскиот продуцент Андре Ламерс, на 29 август годинава го добија синот Цијан.

Лима на својот Инстаграм профил објави фотографија од окото на бебето за да ја пренесе сета симболика на името на нејзиниот син. А таа синоќа на оваа социјална мрежа како и на Фејсбук објави заедничка фотографија со детето со порака: „Ми го допри срцето, Цијан мама те сака!“. 

Прекрасната фотографија и нежните зборови полни со емоции се една од најубавите сцени објавени на социјалните профили на Адријана Лима, заедно со фотографиите од неа и нејзините ќерки Сијена и Валентина, кои ги имаше во брак со поранешниот сопруг, познатиот српски кошаркар, Марко Јариќ.

А кога станува збор за малиот Цијан, зад неговото име се крие следнава симболика.

- Cyan (Цијан) е боја помеѓу зелената и сината на видливиот светлосен спектар. Цијан е бојата на водите на Бора Бора и Малдивите, места за посетување на нашата семејна листа. Цијан е сега нашата омилена боја... бојата на очите на нашето момче. Добредојде во нашиот свет Цијан Лима Лемарс - напиша Лима претходно овој месец на Инстаграм, заедно со првата фотографија од нејзиниот син кој го носи презимето на двајцата родители.

Познатата манекенка се породи пред две недели во раните утрински часови во болница во Санта Моника. Изворот тогаш за магазинот „People“ изјавил дека „бебето ги има усните и очите на мајка му“ и додал дека Лима сега е со синот во нејзиниот дом и дека и двајцата се добро.


Фото: Инстаграм/Профимедиа

Лима има совршена кожа на лицето и тврди дека се мие исклучиво со флаширана вода: Водата од чешма е полна со хемикалии и стимулира бактерии