Не сакам жени над 50 години: Француски писател ги налути холивудските убавици

Францускиот писател Јан Муа, беше искрен во својата изјава дека сака само млади жени. „ Многу сакам , а и повеќе ги почитувам младите жени и нивните млади тела. Многу е едноставно. Телото на 25 годишна девојка е чудесно. Но, телото на една 50 годишна жена, ниту е чудесно ниту привлечно,” изјави познатиот писател.

Има 54 години и една од најубавите светски актерки на сите времиња.- Моника Белучи 

По оваа изјава тргнаа низа критики на социјалноте мрежи. Дел од нив беше и онаа на француската комичарка Марина Фуа. Таа наскоро ќе наполни 49 , и даде комична изјава во свој стил. „Имам само една година и две недели за да спијам со Јан Муа“, рече таа. 

Младоликоста е нејзин заштитен знак.- Кристин Дејвис, или Шарлот од „Сексот и градот“ наскоро полни 54 години 

Реакцијата на писателот ја обвинија и продуценти и блиски соработници на холивудските актерки кои имаат повеќе од 50 години. „Уште се убави, уште се секси, му пркосат на времето“, напишаа тимовите на познатите актерки во нивна одбрана. 

Убавицата од филмот „Сината лагуна“, Брук Шилдс во мај ќе полни 54 години 

Брук Шилдс, Моника Белучи, Кристин Дејвис, Селма Хајек, Џулијен Мур, Тери Хачер се само дел од убавиците на кои времето ништо не им може. 

Очајната домаќинка Тери Хачер изгледа одлично на 53 години 

Црвенокосата убавица Џулиен Мур има 58 години