Еве зошто цел Белград зборува за Јелена Томашевиќ: Пејачката никогаш не изгледала поубаво, како вистинска божица (ФОТО)

Креацијата што ја носеше убавата пејачка не остави никого рамнодушен

На свеченоста „Белградска пролет“ која се одржа во Белград, се појавија голем број познати личности, меѓу кои беше и Јелена Томашевиќ, која ја извојува главната победа.

Нејзината песна „Веруј ми да верујем“ е прогласена за најдобра песна, а пејачката гордо ја прими наградата и уште еднаш ја изведе песната во која уживаше Белград.

View this post on Instagram

A post shared by (@jelenatfan)


Покрај нејзиниот совршен глас, публиката можеше да ужива и во глетката на нејзиниот совршен стајлинг, фустан кој беше покриен со илјадници светки кои блескаа под рефлекторите.


За многумина едно од најубавите изданија во кое неодамна имавме можност да ја видиме Јелена, фустан сирена, кој се лепеше за нејзиното тело, е совршен избор за свечени пригоди и настапи.

View this post on Instagram

A post shared by (@jelenatomasevic_official)


Јелена овој пат избра фустан кој ги истакна сите нејзини адути, тенок струк, сензуалност и женственост. Голите рамена ја истакнаа нејзината сексипилност, а деколтето во облик на срце на фустанот го истакна горниот дел од телото.

Јелена овој пат целиот стајлинг го заокружи со само еден ефектен пар обетки во сребрена нијанса.

Извор: espreso.co.rs