Црвен кармин, црн фустан и стомак до заби: Како изгледала Цеца додека била бремена со Анастасија? (ФОТО)

На социјалните мрежи се појавија фотографии од 1998-ма година...

Обожавателите на Цеца пронајдоа фотографии од времето кога пејачката била бремена со Анастасија. Така, на социјалните мрежи веднаш почнаа да се споделуваат фотографии од тоа како изгледала во периодот кога во својата утроба ја носела својата ќерка.

Имено, пејачката во 1998-ма година, во февруари гостувала кај познатиот Милован Илиќ - Минимакс, а тогаш била бремена со Анастасија.

Цеца на ова гостување се појавила во црн гламурозен фустан, со длабоко деколте и ги засенила сите со својот изглед.

На усните имала црвен кармин, додека косата ѝ била нешто пократка и кадрава.

Веќе кон крајот на мај, поточно на 25-ти мај, Цеца родила ќерка.