Луксузот има ново име: Ана Камчева и нејзината чанта колку еден автомобил

Некои од судските спорови на Балканот повеќе добиваат на тежина со стилот на облекување на засегнатите, отколку со самиот процес. Српските „Мадона и Лејди Гага“, односно фолк-пејачката Светлана Цеца Ражњатовиќ и самонаречената музичка дива Јелена Карлеуша кои имаа децениски судски спор, во Судот се појавуваа облечени како на доделување на „Оскари“. Дури и се натпреваруваа која кој светски бренд ќе го облече за да можат после да ги „тагнат“ на Инстаграм.

Па така, Шанел и Диор се во предност, посебно облката од нивните најнови колекции. Дури за Карлеуша, бившиот креативен директор на Диор еднаш изјави дека таа е единствената која ја познаваат од Србија бидејќи често ѝ испорачуваат парчиња со комбиња.

Ама, Ана Камчева, сопругата на бизнисменот Орце Камчев, која се појави на судењето во улога на сведок за случајот Рекет ги „размрда“ сите со нејзиниот стил. Ма каква Династија, таа беше Холивуд од династијата Камчеви. Таа може, треба и едноставно сака да изгледа скапо, а стилски одлично. На тие пари, смешно би било да се појави несоодветно и евтино!

Ана секогаш се облекувала убаво. И секогаш екстравагантно. Така беше и во судот.

Фамозниот бел капут за кој веќе пишуваа порталите не е нешто за кое се паѓа во несвест. Тоа дека е на модната куќа „Сен Лоран“ и дека чини 3.500 евра треба да ве чуди? Сензација не е, има капути и по 20.000 евра. Камчева дури одбрала поевтина варијанта, не дека не можела поскапата.

Ама, за чантата не може да се каже такво нешто. Во судот ја носеше легендарната Биркин чанта на брендот „Ермес“. Одлична, совршена, синоним за престиж. За вакви чанти некогаш познатите чекаат и по една година за да им бидат изработени. Според она што го најдовме на интернет, ова скапоцено парче чини 7.999 долари на попуст, вистинската цена изнесува 10.000 долари. Изработена е од првокласна кожа, се заклучува со клуч и има метални детали во златна боја.

Се на се, Ана изгледаше одлично во судот и скапата облека едноставно може да си ја дозволи.

Н.Т.