(ФОТО) СТИЛСКИ ДВОБОЈ: Кејт Мидлтон ја засени Меган Маркл на свадбата кај Јуџини

Славни личности меѓу кои Роби Вилијамс, Деми Мур, Лив Тајлер, Рики Мартин и Наоми Кембел присуствуваа на свадбата на принцезата Јуџини во капелата Сент Џорџ во Виндзор. Сепак во фокусот на светските магазини се најде Кејт Мидлтон, Војвотката од Кембриџ која со стајлингот успеа да ја засени дури и Меган Маркл на која медиумите ѝ беа повеќе наклонети последниов период.

Мидлтон која по третото породување изгледа подобро од било кога, одбра фустан во ведра боја кој одлично ѝ прилега. Маркл, пак, се одлучи за помонотон изглед. Според модните критичари, тегетот дефинитивно не е нијанса за Војвотката од Сасекс.