Нема никогаш да има друг како Џаки: Владо Јаневски се збогува со Џаро

Вчера јавноста ја доби веста за смртта на познатиот Велибор Џаровски Џаро.

Многу познати личности се збогуваа со него, секој на свој начин. Некои со потсетувања на дружбите и нештата кои ги научиле од него.

Со Џаро, преку социјалните мрежи збогување упати и пејачот Владо Јаневски.

Тој напиша:

„Сакам да се знае дека Џаро беше еден од ретките кој веруваше дека од мене ќе биде нешто и ми ги даде првите големи шанси на почетокот на кариерата. Една таква беше да ме прати на заедничка турнеја со Здравко Чолиќ низ Македонија во 1994 кога имав само неколку песни во соло репертоарот. Сликава е од „Антико“ после охридскиот заеднички концерт. Научив многу тајни за музичкиот занает од Џаро и за тоа сум му вечно благодарен. Нема никогаш да има друг како Џаро“ - стои во објавата на Владо Јаневски.




ФОТО: Фејсбук официјален профил Владо Јаневски