(ФОТО) Совршениот есенски фустан го има Селена Гомез

Во есента сите сакаме да се облекуваме во топли плетени фустани. 

Селена Гомез, која се појави во едно такво парче облека на промоцијата на нејзиниот нов сингл во SiriusXM Hollywood Studios во Лос Анџелес, покажа дека фустаните инспирирани од есента изгледаат заводливо.

Во тесен долг фустан, пејачката ја истакна својата женствена фигура и ги покажа нозете со шлиц, и не потсети на лижавче благодарение на вертикалните бело-црвени ленти. Удобниот и ласкав фустан го потпишува брендот Jacquemus, познат по минијатурните чанти кои ги импресионираа модните критичари оваа година, како на локално така и на меѓународно ниво, а Селена овој фустан го комбинираше со елегантни бели сандали со стабилна полна пета на брендот Cult Gaia.

Покрај фустанот, таа импресионираше со едноставна, но ефикасна фризура.