(ФОТО) Сите зборуваат за фустанот на Цеца од Будва

Цеца Ражнатовиќ сношти настапи во ноќниот клуб „Топ хил“ во Будва, и направи одлична атмосфера, пишува „Блиц“.

Но, она за што нејзините фанови зборуваат е фустанот во кој настапи фолк-ѕвездата. На настап во клубот, Цеца дојде во долг, бел тесен фустан со длабок шлиц и длабоко деколте, а публиката била воодушевена со ова нејзино издание.

По завршувањето на концертот, таа излегла на бис и испеала уште три песни. 

Фото: Милош Цетковиќ, РАС Србија