(Фото) Маја Иванова и Првата дама на Молдавија со сличен стајлинг

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова, од денеска престојува во дводневна официјална посета на Република Молдавија.

Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, во Кишињев претседателот на Република Молдавија беше пречекан со највисоки државни и воени почести од страна на претседателот на Молдавија, Игор Додон.

Двете први дами, Маја Иванова и Галина Додон, за ваквата средба, избраа сличен стајлинг. Кај Иванова доминираше сината боја, исто како во средбата со бугарската прва дама, додека Галина избра пастелна нијанса на нежно розева боја.

Во рамки на официјалната посета, македонскиот претседател ќе оствари средба со молдавскиот премиер Павел Филип и со претседателот на Парламентот на Република Молдавија, Андриан Канду.


Фото: Фејсбук-страната на Претседателот Ѓорге Иванов