Драг мој, ова не го замислував ниту во најлошите соништа: Михајло Шаулиќ со емотивна порака за Шабан на неговиот 71 роденден (ФОТО)

Во чест на Шабан денеска во неговиот роден Шабац е поставена биста

Некрунисаниот крал на народната музика Шабан Шаулиќ денеска ќе наполнеше 71 година, доколку трагичната несреќа во Германија не ја прекинеше неговата мисија.

По оваа прилика се огласина Инстаграм синот на Шабан, Михајло Шаулиќ каде со емотивна порака ја објави фотографијата на својот татко.

-Доаѓаат некои денови и моменти кои не ги замислував без тебе ни во моите најлоши соништа, денес е еден од тие денови, а тебе те нема... но денес, на твојот роденден, како и секој друг ден, ти си со мене и ми го покажуваш патот... Среќен роденден татко мој, моја гордост и пример до крајот на мојот живот! – напиша Михајло на Инстаграм со емотикон срце.


Поминаа три години од смртта на Шабан, а неговите блиски ги одржуваат живи спомените на оваа музичка легенда. Денеска, по тој повод, имаше свечено откривање на споменикот во родниот Шабац на пејачот, а според братот на Шабан, Хасан Дудиќ, бистата ја финансирала вдовицата на Шаулиќ, Гордана.

Инаку, споменикот на Шаулиќ е на местото каде порано имало автобуска станица, од каде што Шабан намерно отишол во големиот град и го освоил светот. Создавањето на споменикот му беше доверено на еден од најпознатите српски скулптори и редовен професор на Факултетот за применети уметности, Зоран Ивановиќ, како и на неговиот колега Богдан Доброта.


Фото: Youtube - screenshoot/Инстаграм