Дипломирал на 98 години и планира да напише роман: Си реков „сега или никогаш“

Тој израснал во сиромашно семејство на Сицилија. Отсекогаш ги сакал книгите и покрај љубовта кон учењето, како млад не можел да оди на универзитет, но неговата долгогодишна желба да оди понатаму никогаш не исчезнала...

Џузепе Патерно (98) стана најстариот италијански студент кој на својата првобитна диплома на Универзитетот во Палермо додаде магистерска по филозофија, каде што дипломирал пред две години.

На 96-годишна возраст, Патерно дипломира историја и филозофија на Универзитетот во Палермо во јули 2020 година, со најдобри оценки.

Погледнете го во видеото:


Дипломирал на 18 јули, потврдувајќи се како најстар студент во Италија.

- Последниот испит повторно го положи со највисоки оценки – гордо објави неговото семејство на Фејсбук.

Роден во 1923 година, тој израснал во сиромашно семејство на Сицилија. Отсекогаш ги сакал книгите и и покрај љубовта кон учењето, тој не можел да оди на универзитет како млад човек, но наместо тоа служел во морнарицата за време на Втората светска војна од 20-годишна возраст, а подоцна работел како железнички работник.

По војната, во општество кое тогаш беше насочено кон реконструкција - работата и семејството беа приоритети, но тој секогаш сакал да учи. Завршил средно училиште на 31 година, но неговата долгогодишна желба да оди понатаму не стивнала.

Се оженил на 23 години и добил две деца. Тројца од неговите четири внуци имаат и дипломи од Универзитетот во Палермо.

Не дозволувајќи им на годините да му застанат на патот, тој се запишал на Универзитетот во Палермо на додипломски курс по историја и филозофија во неговите 90-ти, велејќи си „сега или никогаш“.


По три години студирање и глобалната пандемија што го фати на патот, тој конечно дипломира во јули 2020 година, станувајќи најстариот дипломиран студент во Италија во тоа време. Две години подоцна повторно влезе во историјата, овој пат магистрирајќи.

Патерно не планира да мирува, туку сака да напише роман на својата машина за пишување.

Истата машина за пишување ја користи од 1984 година, кога мајка му Џована, која живеела речиси 100 години, му ја подарила за да го прослави нејзиното пензионирање. Патерно во септември полни 99 години.


Фото: Твитер/Youtube

Видео: Youtube