Дарко Лешоски: Самоуништување од љубов

Еден поинаков концепт на поетот и сестран уметник Дарко Лешоски специјално за Женски магазин. Преку медиум- видео форма ги растура своите мисли- всушност „чудни“, необични зборови од секој светски јазик кои имаат длабоко значење, а тој се надоврзува на суштината на зборот со одлична нарација, умствена „гимнастика“ и визуелен опис.

FANA– Пoтекло : Арапски јазик. Именка. 

– Во буквален превод „самоуништување од љубов“, љубов која е посилна од нас и не уништува доколку не биде исполнета, копнеж кој знаеме дека ќе не убие кога ќе останеме сами со себе, ама го криеме и  не сакаме да му го признаеме никому. 

Текст:

Низар Кабани/Дарко Лешоски 

Посакав трајна љубов; И љубовта траеше, но љубовникот си замина.

Кога ќе ги видиш оние кои те оставиле на сон е најболна средба.

Сега гледам кога зрел ум и романтично срце се во исто тело, зошто е трагедија 

И научив да не сакам длабоко додека не се уверам дека и другиот ме сака со иста длабочина, затоа што длабочината на  љубовта денес е длабината на раната моја утрешна. 

Во лето се протегам на брегот и мислам на тебе.

Да му кажев на морето што чувствувам за тебе, ќе ги оставеше своите брегови, школките, рибите и ќе тргнеше по мене.

Она што го чувствувам е вон сите зборови, не може да се искаже.

Треба да се срамам од моите песни. 

Не може да се каже сè што е во срцево, та Бог затоа создал воздишки, солзи, долг сон, киселка насмевка и да се тресат рацеве.

Ако сакаш да убиеш некого, освој му го неговото срце,

И тргни на прсти полека да си заминеш, остави го него меѓу  лудилото и смртта.

Така човек се убива!