„Чудо е што воопшто можам да зборувам и живеам нормално“: Ѕвездата на „Игра на тронови“ проговори за мозочниот удар

Актерката Емилија Кларк му стана позната на поширокиот свет кога ја толкуваше улогата на Денерис Таргариен во серијата „Игра на тронови“.

Емилија сега проговори за тоа како се соочила со сериозен здравствен проблем кој можел да ја остави во сериозна и неизлечива состојба.

-Дел од мојот мозок повеќе не е употреблив, чудо е што можам воопшто да зборувам и да живеам сосема нормално без никакви последици - ја започна приказната Емилија во емисијата „Неделно утро“.



Сѐ се случило во 2011 година кога почувствувала главоболка додека вежбала, подоцна се испоставило дека доживеала ретка форма на мозочен удар.

- Тренерот ме стави во планк позиција и веднаш почувствував како ластик да ми го стиска мозокот. Се обидов да ја игнорирам болката, но едноставно не можев - вели актерката.

После тоа и се слошило и веднаш била пренесена во болница, каде било утврдено дека доживеала субарахноидално крварење, тип на мозочен удар предизвикан од крварење во просторот кој го опкружува мозокот


- Страдав од состојба наречена афазија, која е последица на траумата што ја претрпе мојот мозок. Го замолив медицинскиот персонал да ме пушти да умрам. Мојата работа, целиот мој сон за тоа каков би бил мојот живот, се заснова на говор, на комуникација. Без него бев изгубена – вели Емилија Кларк.

Меѓутоа, за среќа нејзината состојба почнала да се подобрува, говорот полека и се враќал. Таа сега живее нормален живот, а исто така започна и добротворна организација која собира пари за преживеаните повреди на мозокот.


Фото: Инстаграм