Цел свет е загрижен за познатата убавица: Манекенката се шета во чорапи по улиците на Лос Анџелес (ФОТО)

фото:SPLASH / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA

Никој не можеше да претпостави дека Кара е во ваква состојба.

Како што пренесуваат странските медиуми, фановите изразуваат сериозна загриженост за актерката, пејачка и манекенка Кара Делевињ, откако таа се однесувала недолично на пат кон аеродромот Ван Најс во Лос Анџелес.

Актерката од „Carnival Row“ беше фотографирана од папараците на пат кон аеродромот на задното седиште на автомобил со нозете извадени од прозорецот додека нејзиниот возач се пробиваше низ сообраќајот во Лос Анџелес.


Откако наводно доцнела два часа на нејзиниот лет со приватниот авион на Џеј Зи, манекенката - облечена во маица на Бритни Спирс и впечатливи жолти чорапи одела по улицата и на аеродромот каде што се случил друг инцидент.


Таа привремено се качила во авионот со своите кучиња, но набрзо милениците ги оставиле, а потоа и таа излегла од авионот.

Откако член на придружбата на Делевињ разговарал со персоналот на аеродромот, торбите на манекенката биле извадени од авионот и вратени во автомобилот со кој пристигнала.


- Што се случува со Кара Делевињ? Многу сум тажен за неа - е еден од коментарите на социјалните мрежи.

Друг напиша:

– Ова е навистина страшно. Холивуд е толку темно место и очигледно ѝ треба нов тим и некои луѓе да се грижат за неа.

Друг обожавател на ѕвездата вели:

- Нешто сериозно се случува со Кара Делвињ и навистина сум загрижен за неа. Се надевам дека се е во ред.

Некои дури претпоставуваат дека можеби има проблеми со некаква зависност, иако тоа никаде не е потврдено. Се надеваме дека Кара имала само лош ден или дека поминува низ некоја фаза која брзо ќе ѝ помине...

извор:GLOSSY