Актерката ужива со 15 години помладиот фраер: Љубеше само силни мажи, а овој познат актер ја разочара во кревет

Актерката Бригит Нилсен е фотографирана како ужива на плажа со својот 15 години помлад сопруг и малата ќерка.

Данската актерка Бригит Нилсен е фотографирана со семејството на плажа во Шпанија. Таа уживаше во морето и сончевите зраци со сопругот и ќерката.

Интересно е што актерката на 55 години роди ќерка, а веста за нејзината бременост ја шокираше јавноста и наиде на негативни коментари. Луѓето жестоко ја критикуваа Бригит, велејќи ѝ дека таа го родила сопственото внуче и дека ќе биде многу стара кога нејзиното дете ќе биде тинејџер. 

Не беше првпат Бригит да привлече внимание. Имено, нејзиниот сопруг е 15 години помлад од неа, а бракот со него и е петти.

Многу години, актерката се обидуваше да остане бремена, а борбата траеше повеќе од 10 години. 

Актерката има 4 сина од претходните бракови, а интересно е што беше и со познатиот актер, Силвестер Сталоне, со кој беше кратко во брак. Пред него таа беше во врска со Арнолд Шварценегер. 

Бракот со Сталоне траеше 2 години, а актерката откри дека го завела на снимањето на филмот „Кобра“ испраќајќи му голи фотографии во хотелот. 

„Денот по венчавката, Силвестер целосно се промени. Станав негова сопственост, како автомобил. Беше страшно", рекла таа за бракот со актерот.

Таа откри и каков е актерот во кревет: „Не беше добар ниту во кревет! Беше како зајаче“.


Фото: Профимедиа

Извор: стилкурир

Поврзани вести:

„Како се осудуваш, ти си баба. Ќе умреш пред да ти порасне детето“: Актерката (54) доби дете со 15 години помлад маж, а цел свет зборува за нејзиниот претходен брак