„Ако не си го сакаш првото, не може да го сакаш ниту второто дете“: Кристина Димитри повторно „распали“ по бившиот

Пејачката Кристина Димитри неодамна во една прилика изјави дека нејзиниот поранешен сопруг Даниел Кајмаковски најверојатно живее живот само колку нешто да и докаже и дека ако не си го сака првото дете од нивниот брак, не може да си го сака и второто.

Поттикната од тоа дека нејзиниот син секогаш ќе си го поставува прашањето зошто неговиот татко е таков, таа го кажа јавно своето мислење на оваа тема.

-Ако не си го сакаш прво, не може да го сакаш ниту второто дете, и мислам дека живее живот за нешто да ми докажува мене што мене ми е навистина многу тажно, зашто едно дете секогаш ќе се прашува зошто мојот татко е таков. Јас откако го знам доживувам само лоши работи и сплетки, но мислам дека никој не може да биде толку моќен да ти наштети колку што Господ ти ги отвора вратите …, изјави Кристина.


Инаку од неодамна таа јавно објави дека не е повеќе сама,  често објавува фотографии со момчето кое го крие од јавноста, потенцирајќки колку е заљубена.

Фото:Инстаграм