Зошто јас не умрев место него: Сестрите на Шабан Шаулиќ емотивно го испратија братот

Деса и Звездана, сестрите на фолк-пејачот Шабан Шаулиќ кој загина вчера во сообраќајна несреќа во Германија, заплакаа кога стасаа пред семејниот дом на Шаулиќ во Белград, пишува српски „Курир“.

„Зошто јас не умрев место него“, рекла една од сестрите на Шаулиќ кога влегла во домот на својот брат. Од вчера, од својот колега и пријател се простуваат бројни познати личности од балканската естрада, како и неговите фанови. 

Фото: Курир.рс

Погребот на Шаулиќ ќе биде во Белград, а времето дополнително ќе биде соопштено. Според српските медиуми, пејачот ќе биде испратен на граѓански погреб, без свештеник или оџа. Децата на Шаулиќ, Санела и Михајло вчера во попладневните часови отпатуваа за Германија за да го превзеат телото на својот татко. 

Кралот на народната музика, настрада вчера во сериозна сообраќајна несреќа во Германија. Несреќата се случила по неговиот концерт во градот Билефелд, во северозападниот дел на Германија. Веднаш бил пренесен во болница, каде што, за жал, и покрај напорите на лекарите, им подлегнал на повредите.

Според полицискиот извештај, две возила слетале од патот и ги погодиле банкините, а според информациите од полицијата, тројца луѓе се повредени.