Во 1997 оваа жена роди седморка: Сите велеа дека е луда, но таа не ги слушаше! Еве каде се денес и што прават

Ова е една од најпознатите приказни за седморка, бидејќи медиумите внимателно го следеа развојот на членовите на семејството Мекеј таа година.

На 19 ноември 1997 година, Боби Мекеј се најде на насловните страници за раѓањето на првите преживеани седум-близанци во светот. Доаѓањето на Алексис, Кени Џуниор, Келси, Натали, Брендон, Нејтан и Џоел во Ајова беше најавено како медицинско чудо.

Браќата и сестрите Мекеј оваа година полнат 25 години и веќе завршија факултет, некои служеа војска, некои се венчаа, а сите се иселија од семејниот дом.

Нивните родители, Боби и Кени Мекеј, неодамна го продадоа својот дом со седум спални соби во кој пораснаа нивните деца.

Како сето тоа започна?

Во 1996 година, Боби и Кени Мекеј, шивачка и работник во салон за автомобили, веќе беа горди родители на ќерката Микајла Мари, која се роди на 3 јануари истата година. Парот имал потешкотии да забремени бидејќи Боби имала проблеми со хипофизата.

Двојката сакала на својата ќерка Микајла Мара да ѝ подари брат или сестра, но поради специфичната болест со која се справувала нејзината мајка, се одлучиле за хормонска терапија.

<iframe src="https://assets.pinterest.com/ext/embed.html?id=310537336804023703" height="339" width="236" frameborder="0" scrolling="no" ></iframe>

Освен хормонска терапија, Боби користела и лекови за плодност, иако лекарите ја предупредиле дека може да дојде до повеќекратна бременост.

Резултатот бил преактивен јајник, Боби останала бремена, а првиот ултразвук покажал седум фетуси.

Ова беше еден од првите случаи од ваков вид во историјата на третман за плодност, првенствено затоа што не беше резултат на повеќекратни ембриони вметнати во матката на Боби преку ИВФ. Според написот објавен во извештајот на Хестингс центарот, „Медицинско чудо или медицинско зло? Сагата за седморката Мекеј“, оваа бременост не требало да се случи.

Поради честите повеќекратни бремености и спонтани абортуси, д-р Хаузер им препорача на парот да размисли за селективно намалување, што е медицински еуфемизам за постапката на абортус на еден или повеќе фетуси за да им се даде на останатите подобри шанси да се родат безбедно. Седморки се раѓале само неколку пати во историјата, но во сите случаи некои од нив или живееле само неколку дена или недели.

Покрај тоа, овој тип на бременост може да има и негативен ефект врз здравјето на мајката, зголемувајќи го ризикот од потенцијално фатални згрутчувања на крвта, крварење или отекување на јајниците и сериозно задржување на течности што може да доведе до срцева слабост во ретки случаи.

Боби и Кени категорично одбиле. Решиле да им дадат шанса на седуммината!

<iframe src="https://assets.pinterest.com/ext/embed.html?id=506162445625197962" height="233" width="236" frameborder="0" scrolling="no" ></iframe>

Контроверзи околу бременоста

Кога се родиле седумте бебиња, лекарот кој на Мекеј им дал апчиња за плодност и ѝ помогнал при породувањето бил предмет на остри критики. Имаше многу причини луѓето да му замерат, првата беше тоа што Мекеј не требаше да бидат прифатени како пациенти на оваа клиника бидејќи веќе имаа дете, а парот едноставно немал трпение да чека да види дали ќе бидат втор прат бремени.

Бидејќи парот веќе доби бебе без никаква медицинска помош, многумина веруваа дека нивниот проблем не е неплодноста, туку нетрпеливоста. Уште повеќе, Мекеј рекоа дека не можат да си дозволат втора инјекција на лекот за плодност, која чини околу 3.000 долари, што предизвика повеќе критики, при што медиумите се прашуваат како мислат дека би можеле да имаат ризична бременост и уште седум деца ако не можат да си дозволат лекови за плодност.

Историски пораѓај

Седум бебиња излегле од утробата на Боби Меккеј со царски рез. Докторката која ги родила бебињата, Пола Махоне, веднаш по породувањето изјавила: „Не мислев дека ќе имаме ваков исход. Сè изгледаше како чудо“.

За многу луѓе, седумте здрави бебиња родени одеднаш беа јасни сведоштва за чудесното дело на Бога, односно природата, во зависност од нивната вера и гледна точка.

Седморката се родени девет недели предвреме со царски рез, а нивната тежина била помала од еден килограм. Царскиот рез беше направен нешто по пладне на 19 ноември 2007 година, а во процесот беше вклучен тим од повеќе од 40 специјалисти.

На трите девојчиња и четири момчиња им биле потребни шест минути да бидат извадени од утробата едно по едно. Едно од момчињата било во критична состојба, а сите биле во тешка состојба веднаш по породувањето, според тогашните лекари, сите биле ставени на апарати за дишење на неонаталното одделение. Неколку часа подоцна момчето било извадено од критичната листа и сместено на критична нега.

Цел свет го задржа здивот чекајќи бебињата да се родат во Де Мојн. Бременоста веќе го привлече светското внимание и се здоби со признание не само затоа што претставуваше пробив во третманот на неплодност, туку и затоа што беше настан од висок ризик и сите сакаа да видат како ќе поминат седумте бебиња.

Откако се родија седуммината, тие привлекоа уште поголемо медиумско внимание отколку самата бременост. Тие беа објавени во магазинот Тајм во декември 1997 година, само еден месец откако се родиле. Тогашниот претседател на Америка Бил Клинтон лично се јавил да му посака добро на семејството. Како што растеа децата, медиумите останаа заинтересирани за нив, и тие продолжија да се појавуваат во списанија и на разни настани, Опра ги пречека во своето шоу, а претседателот Џорџ Буш ги пречека на меѓународниот аеродром Де Моин во Ајова во 2002 година.

<iframe src="https://assets.pinterest.com/ext/embed.html?id=96686723240896690" height="258" width="236" frameborder="0" scrolling="no" ></iframe>

По шест месеци, две од седумте деца биле следени за церебрална парализа, бидејќи тие се развивале со многу побавно темпо од нивните браќа и сестри. Додека Кени, Келси, Брендан, Натали и Џоел трчале низ семејната куќа, на Алексис и Нејтан не им одело толку добро. Лекарите се сомневале дека двајцата имаат церебрална парализа, хронично нарушување во кое мозокот не може да ги контролира сите движења на телото.

Оваа состојба е доста честа кај бебињата кои се резултат на повеќекратни раѓања, а со малку поголема стапка се јавува и кај предвремено родените бебиња. Во тоа време, нивната мајка се обидела да не се грижи и им рекла на новинарите: „Дури и ако имаат некоја долготрајна болест,  а не би сакала тоа да се случи и сигурна сум дека ќе има тешки денови пред нас, но знам дека ќе даде Бог сила да се справиме со тоа“.

Дијагнозата е потврдена

За жал, загриженоста на лекарите беше потврдена, а на Нејтан и Алексис им беше дијагностицирана церебрална парализа. На бебињата им било тешко да научат да одат и се покажало дека морале да користат помагала во текот на целиот живот. Во моментов, Алексис сè уште користи помагало, но дава се‘ од себе за да не дозволи инвалидитетот да ѝ го попречи животот. Како дете, таа учествувала на натпревари за убавина специјално дизајнирани за деца со посебни потреби.

Од друга страна, нејзиниот брат Нејтан вложил неверојатни напори да се научи како да оди и сега може да се движи наоколу без помош. Во еден момент тој им рече на новинарите: „Се научив да одам затоа што навистина сакав да научам. Тоа само стануваше се‘ подобро и подобро“.

По првичното медиумско лудило околу раѓањето на седуммината и здравствените стравови кои следеа следната година, Боби и Кени одлучија нивните деца да имаат што е можно понормален живот. Како такви, тие избраа да останат надвор од очите на јавноста во најголем дел. Имаше вести за тоа како децата ги прославија своите родендени, но тоа беше околу тоа. Парот добил писмо од славната Дион Фајв, која им честитала и ја предупредила двојката да ги избегнува замките што ги прави јавниот живот и ги советувала Мекеј да си го сочуваат животот што е можно повеќе.

Боби и Кени открија некои од практичностите за одгледување седум бебиња одеднаш. Во првите месеци од животот, на седумте бебиња им биле потребни повеќе од 52 пелени дневно. Не само што родителите постојано менувале пелени, туку морале да подготвуваат и преку 40 шишиња млеко секој ден.

<iframe src="https://assets.pinterest.com/ext/embed.html?id=171277592057447041" height="220" width="236" frameborder="0" scrolling="no" ></iframe>

Покрај времето потребно да се подготват шишиња за седум бебиња и редовно да се менуваат пелените, одгледувањето седум деца претставувало и финансиски тешкотии. Со оглед на тоа што осум деца кои растат стануваат сè потешки за издржување, на Боби и Кени им требаше план. Нивното решение беше да почнат да купуваат сè што можат на големо и да се потпрат на производи што се на распродажба или работи што може да ги добијат на купони. Тие, исто така, почнаа да одгледуваат зеленчук и овошје за да ги задржат сметките за намирници што е можно пониски.

Еднаш, се сеќава Боби, со 60 фунти купила хамбургери бидејќи биле на распродажба во локалната самопослуга. Нивната стратегија функционирала и можеле да трошат околу 300 долари месечно на намирници, што е просек за четиричлено семејство во Америка, што значи дека заработувале значителни заштеди.

Хранење на 10-члено семејство

Подготвувањето храна за 10члено семејство не е пикник. Бидејќи оброците би биле бурни во оваа ситуација, решението до кое Боби дојде е да послужи во стилот на шведска маса со храна. Со помош на децата таа ќе приготвуваше многу храна, а секој ќе помагаше. „Готвиме речиси секоја вечер“, рече Боби во едно интервју, „правиме вечера во повеќе тенџериња и ги ставаме на шанкот за секој да си помогне.

Оброците несомнено беа забавни во домаќинството на Мекеј, а родителите спомнаа дека сите сакаат да се собираат и да разговараат за својот ден додека јадат. Кога децата пораснаа, хаос беше зборот што го дефинираше времето за јадење.

Децата немаа право да избираат храна. Се јадело тоа што било подготвено и моментално на трпезата. Кога децата биле мали ги хранеле со помош на волонтери.

Замислете само каков хаос настанал кога децата наполнија 2, па 3, па 4 и така натаму...

<iframe src="https://assets.pinterest.com/ext/embed.html?id=476185360582028249" height="277" width="236" frameborder="0" scrolling="no" ></iframe>

Дека не е лесно да се чуваат 8 мали деца сведочи и една од изјавите на Боби во која таа вели:

„Лежам така навечер и си мислам: „Што ако има пожар?“ Тогаш веројатно ќе требаше да излезам на тераса и едно по едно да ги спуштам до Кени во раце во градината пред куќата. И тогаш си велам „Застани и оди спиј!“ Мислам дека треба да веруваш дека Бог ќе се погрижи за тебе во одреден момент кога нема да можеш“.

Дисциплина

Парот ја почувствувал критиката од јавноста кога кажале дека во нивната куќа има едно правило: „Ќотекот излегол од рајот!“ Подоцна Боби се оправдуваше дека не ги малтретираат децата, но кога имаш 8 малечки во куќата - дисциплина мора да постои.

Се работи за тоа што парот се трудел максимално да ги научи децата на дисциплина и одговорност уште од најраното детство. Нивните родители почнале да им даваат задолженија кога имале околу четири години и со задоволство објавиле дека ретко заборавале да ги стават садовите во машина за миење садови без да им кажат.

Крај на средно училиште и растење

Дипломирањето на седморката Мекеј го врати семејството во центарот на вниманието. Весниците побрзаа да ја објават нивната приказна уште еднаш, а фотографијата на сите седум браќа и сестри во нивните црвено-црни матурски фустани се појави во весниците и списанијата ширум светот.

Сите седум Мекеј - Кени, Келси, Натали, Брендон, Алексис, Нејтан и Џоел дипломирале на средното училиште Карлајл во Ајова.

<iframe src="https://assets.pinterest.com/ext/embed.html?id=530228556111307372" height="278" width="236" frameborder="0" scrolling="no" ></iframe>

Натали и Алексис Мекеј беа меѓу студентите кои беа признати како дел од Националното друштво за чест. По церемонијата, браќата и сестрите се прегрнаа и славеа со сите нивни соученици пред повторно да се соберат со своите родители за групна фотографија што на крајот беше доста емотивен момент.

Кога наполниле 18 години, седуммината решиле секој да тргне по својот пат и да ги следи своите соништа. Одеднаш, куќата на Мекеј билапразна.

Сите го продолжија образованието во универзитетите и високите училишта, одлетајќи од семејното гнездо.

Што се случи подоцна со родителите?

Кога сите деца ги следеа своите соништа Кени и Боби го направија истото. Боби решила да советува семејства со неколку деца, а Кени со својот мотоцикл ги обиколил Соединетите Американски Држави.

Иако семејството добило предлози да учествува во реално шоу, тие одбиле. На прашањето зошто никогаш немало реално шоу за седморката и нивниот начин на живот, таткото рекол дека само сака неговите деца да живеат нормално.


Фото: pinterest/Youtube -printscreen
Видео: Youtube