Утринско Франк кафе со Илчо Нечовски: Од сабајле сум незгоден

Првото кафе го пијам сам додека да се расонам, зашто од сабајле сум незгоден. Најмногу ме мотивира кога гледам дека луѓето околу мене се среќни и успешни. Кога постои позитивна енергија, сè се може.

Се ориентирам според предавањата на факултет, па така знам кога можам да излезам на кафе или пиво. Кога е колоквиумска недела си седам дома.

Обично вечерам сам затоа што се промашувам со домашните. Минатата година си се договорив сам со себе дека ќе гледам по еден филм на ден. Засега, добро ми оди, секоја вечер ме заспива различен филм.

* Илчо Нечовски, вокал и бас гитара во групата „Дупер“