Стил на денот: Софија Вергара во софистицирано и отмено издание

Доколку немате идеја што да облечете за претстојните прослави и забави, актерката има одличен предлог за вас...

Шармантната актерка Софија Вергара често ги воодушевува жените ширум светот со своите модни комбинации, а како што опишуваат модните експерти секогаш постигнува отмен и елегантен впечаток, дури иако поводот не е особено нагласен.

Оваа убавица често одбира фустани со ведри бои кои одлично ѝ одговараат на заводничкиот сензибилитет, а за оваа посебна прилика одбра модерен црн комбинизон со широки ногавици. Во прашање е роденденската забава на нејзина пријателка во познат ресторан на Беверли Хилс.

Вергара оваа црна комбинација ја збогати со зелени нијаси, во вид на кожена чанта, обетки и ефективен накит со златни тонови.

фото: PROFIMEDIA