Стил на денот: Милена Антовска ја отвори пролетната сезона во одлична комбинација

Наша денешна модна инспирација е водителката на утринската програма на Канал 5 телевизија, Милена Антовска Станковска.

Таа на Фејсбук сподели неколку фотографии на кои носи пролетна комбинација од тегет и бело.

Тегет три-четврт панталоните, водителката ги искомбинирала со бела маичка и бело сако со тегет линии на ракавите и џебовите. Целиот изглед таа го заокружила со бели чизми и со тоа направила одлична пролетна комбинација.


Фото: Милена Антовска Станковска- Фејсбук