Стил на денот: Деми Мур едноставна и секси на Мет Гала

Актерката која отсекогаш важела за секс симбол, ја покажа својата убавина и на овогодинашната Мет Гала.

Таа се појави во едноставна и шик црна креација со потпис на Ив Сент Лорен. Меѓу длабокто деколте висеше сребрен ланец, а нејзината долга пуштена коса е моден погодок.

Деми Мур има 56 години, но кој би рекол дека е така. Актерката беше дефинитивно една од најубавите жени на вечерта.

Долгата црна тоалета ја оцрта нејзината совршена линија, а стилот беше надополнет со црни лакирани шпиц салонки.