Стил на денот: Амал Клуни како грчка божица

Амал Клуни го привлече вниманието на јавноста на доделувањето на наградите на дописниците на Обединетите нации во Њујорк.

Амал дојде во придружба на сопругот, актерот Џорџ Клуни, за да ја прими наградата како најпозната правничка. Облече долг фустан од муслин со нежно деколте и тенки прерамки, кој го искомбинира со салонки од кадифе. Коментарите беа дека изгледа како грчка божица.