„Стара бабо, што ќе ти е тебе бебе? На овие лекари треба да им се одземе лиценцата“: Трудница (51) распната на крст затоа што раѓа трето дете

Жена преживеа вистинска голгота поради одлуката да го роди своето трето дете на 51-годишна возраст

Кајла Колдвел објави видео на кое нејзината мајка станува мајка по трет пат. Иако одењето во болница и породувањето било среќен ден за семејството Колдвел, мајката на Кајл добила голем број навредливи и одвратни коментари поради одлуката да роди дете на 51-годишна возраст.

Откако Кајла објави видео од нејзината мајка во болница како се подготвува за породување, под видеото има коментари во кои била нападната затоа што е „стара“ и дека детето е „во неволја затоа што го родила неговата баба“.

Иако веќе има две ќерки, одлучила дека сака уште едно дете и во договор со сопругот се одлучиле за ин витро оплодување бидејќи биле спремни да ја споделат големата љубов кон децата со уште едно дете.


„Себично“, „Ова е премногу тажно“, „Сирото бебе“, „Оние од ин витро ќе направат се‘ за пари“, „Старице, што правиш“, „51 година е доцна за бременост и ин витро оплодување“, „Кој го дозволил ова да ја изгуби лиценцата“, се само дел од многуте грди коментари.


И покрај непримерните коментари, мајката на Кајла роди здраво момче, а семејството е пресреќно.


Дали некој има право да осудува нечии животни одлуки, особено оние поврзани со родителството, останува на сечија совест, но навреди какви што имавме можност да ги слушнеме во видеото – за нив сигурно овде нема место!


Видео и Фото: ТикТок