Што сакаат жените: Познатите зборуваа на конференцијата „Профемина“

Во скопскиот хотел  „Александар палас“ се одржа конференцијата „Профемина“, проследена со осум панел-дискусии, на кои беа разработени теми од областа на здравјето, убавината, исхраната, социјалните мрежи. 

Главна тема на конференцијата беше прашањето „Што сакаат жените?“, па оттука произлегоа и дискусии за најчестите женски прашања.

Конференцијата ја почна стендап-комичарката Ивана Наскова која ги расположи присутните во салата. На конференцијата се обратија и Јована Стојменовиќ, Елена Стефановска, Ване Маркоски, Сергеј Варошлија, пејачката Елена Петреска...