Се шушка дека Хари ја изневерил Меган со оваа убавица: Принцот бил воодушевен од неа, а таа го оставила поради оваа причина

Се шпекулира дека принцот Хари ја изневерил Меган Маркл со манекенка на почетокот на нивната врска

Иако принцот Хари (38) и Меган Маркл (41) со години се спротивставуваа на сите повици на сметка на нивната љубовна врска и го штитеа бракот од „напади“, од почетокот на врската се соочија со низа тешкотии и пречки. Имено, во еден период сè погласни беа коментарите дека војводата од Сасекс ја изневерувал сегашната сопруга со манекенка, што многу ја променило нивната врска.

Многумина беа изненадени од информацијата дека на почетокот на врската со актерката, како што наведуваат странските медиуми, Хари „седел на две столчиња“, и дека воопшто не ѝ бил посветен на Меган на вистински начин. 

Имено, кога започнал врска со војвотката од Сасекс, која ја запознал на состанок кој го организирале нивните пријатели, тој сè уште не раскинал со манекенката Сара Ен Меклин. И тој немал поим дека Меган целосно ќе му го промени животот и ќе го одвои од семејството.


Принцот ја запознал оваа убавица на приватна забава, а Сара веднаш го маѓепсала со својот изглед и харизма. По тој состанок, Хари ѝ праќал пораки додека манекенката не се согласила да излезе со него. Нивната романса ја опиша и кралската биографка Анџела Левин во нејзината нова книга.

Како што напиша, Хари долго размислувал дали да ја продолжи врската со Меган Маркл или со Сара, а убавата манекенка била таа што му ја олеснила одлуката само од една причина.

- Тие се многу слични, но секој од нив тргна по својот пат - изјави Левин.

Сепак, Сара решила да се повлече од животот на принцот поради неговите проблеми со алкохолот.

- Сара води уреден живот, не консумира алкохол и тоа е она во кое двајцата не се согласуваа. Од друга страна, Хари не е тип кој се врзува, па нивната врска заврши уште пред да започне - изјави пријателка на манекенката.

View this post on Instagram

A post shared by (@sarahannmacklin)


Кога оваа информација се појави во јавноста, многумина го споделија мислењето дека Меган „го добила заслуженото“, бидејќи долго време се шпекулираше дека таа го изневерила Хари со поранешното момче. А на принцот му е сè потешко да поднесува разни понижувања поради неговата сопруга.

И покрај сите гласини, принцот и актерката се венчаа во 2018-та година, а сега имаат две деца. Од друга страна, Сара продолжи со својата многу успешна кариера како модел и нутриционист.

Извор: stil.kurir.rs