Сара Мејс се фарба пред породување: Во очи на 10-ти месец трудна

Пејачката и харфистка Сара Мејс е во 9-тиот месец од бременоста и во секој момент се очекува да се породи.

Токму во деновите пред да стане мајка по втор пат таа реши да се исфарба и како што на шега напиша „Во очи на 10-ти месец трудна“, алудирајќи на тоа дека веќе го надносува синчето.

Сара Мејс е препознатлива по својата откачена фризура и очигледно нема проблем со фарбањето во бременоста, иако тоа е дилема на многу трудници, поради митот кој никогаш не се докажал како точен.

Инаку неодамна Сара заедно со Димитар и ќеркичката Илина направија забавна фотосесија, а фотографиите може да ги погледнете ТУКА