Сара Фешн – НОВА колекција костими за капење кои го откриваат обликот на женската убавина

Сите костими за капење го откриваат обликот на женското тело, а само костимите за капење на Сара Фешн го откриваат обликот на женската убавина! Ова мото е главната парола која ја открива новата кампања на македонскиот бренд Сара Фешн (СФ) кој создава мода достапна за секого повеќе од две децении.

Секоја жена сака да се чувствува убаво, пријатно и привлечно во секој аутфит, па следствено на тоа, девојките и жените посветуваат големо внимание на изборот на костими за капење и летните модни додатоци. Сара Фешн, како домашен лидер во оваа категорија, гордо и со голема посветеност во работата ја отправува искажаната доверба од своите потрошувачи, бидејќи според истражувањето спроведено минатата година, 87,2% од купувачите се изјаснија дека се потрошувачи на СФ костимите за капење. 

-  Оваа година нашата кампања #MYSFSWIMBODY која го претставува слоганот „За мене! За тебе! SF лето за сите!“ има за цел да ја прикаже нашата приказна која ја подготвивме со многу труд, вложување и максимална посветеност на детали и вистински избор на модели во колекцијата костими за капење кои им се потребни на нашите потрошувачи да се чувствуваат прекрасно во секој миг во летото! Костимите за капење се дизајнирани според светските трендови, помешани со идентитетот на брендот и уникатната идеја за лето во кое ќе уживаме сите! Секој од нив за прв пат го презентираме со свое име кое го претставува дезенот, принтот и енергијата која ќе ве понесе додека го имате со себе. Вие пронајдете го вашиот и препуштете се на уживањето. Сите форми, броеви, облини и желби на жените за убав изглед ги преточивме во перфектна колекција костими за капење! – изјавија од тимот. 

Во колекцијата можете да забележите костими за капење со полни бои како впечатливата црвена и кралско сина боја, анимал принтови со софистицирани форми, текст – принтови, разиграни летни мотиви, минималистички детали од светлукави материјали и токи. Трендовскиот изглед можете да го дополните со линијата на наметки, папучки и торби за на плажа кои ќе бидат достапни за продажба во следниот период.

Она што е вистински новитет од брендот е сопствената линија очила за сонце. Голем избор на форми и нијанси со кои шик изгледот е повеќе од загарантиран за секоја девојка и жена која ќе одбере свој модел од првата линија очила за сонце од СФ. Фотосесијата за оваа колекција, чиј креатор е дизајнерката Ивана Кнез, направена е преку објективот на Дарио Јанковиќ во преубавиот Охрид, а водечки ликови во кампањата се прекрасните девојки, интернационалниот модел Ана Марија Јанковиќ и трите инфлуенсерки, Јелена Спенџарска, нашата позната тв водителка, јутуберката Кике Цветче и Ангела Митева. 

Колекцијата костими за капење ги содржи и машките костими за капење, како и детските модели кои се во различни модели и дезени, па така секој ќе може да го одбере она што му прилега.

Посетете ги продажните места на Сара Фешн или онлајн на sarafashion.mk и уверете се во уникатноста и убавината кои ја дефинираат оваа колекција. Следете ги на нивните профили на Фејсбук и инстаграм за да бидете во тек со сите активности.


Сара Фешн е најпознатиот бренд од македонската компанија Де-Та која покрај СФ, ја познаваме по брендовите Sara Fashion PREMIUM и Red Star, а покрај домашните брендови, таа е ексклузивен застапник и на светските брендови Penti, DAGI, Pompea, Happy Socks и многу други.


ПР објава