Прости ми татко ако не те усреќив: Ќерката на Канго со емотивна посвета

Ивана Иванова, ќеркта на македонскиот музичар, поет и сликар Симеон Иванов - Канго, денеска на својот фејсбук-профил објави емотивна посвета за нејзиниот татко кој почина во март годинава.

- Ми недостасуваш неверојатен човеку. Секој ден без тебе е очаен и празен. Твојот енергичен и динамичен од, твојот импресивен говор, татковската насмевка, топол утешен збор! Ништо повеќе не е исто. Без тебе сонцето помалку свети! Те чувствувам сѐ уште ме чуваш, пак ми даваш снага и волја да најдам причина за да се борам! Прости ми татко ако не те усреќив. Жал ми е, за твојот неостварен АМАНЕТ! Можеби еден ден повторно ќе се роди, сонце што ќе свети силно како тебе!Се надевам, за да го заврши твојот СОН! Те сакам! - напиша таа.