Пропадна и последниот обид на Амбер Херд: Џони Деп дефинитивно не е виновен

Судот во Вирџинија одговори на жалбата поднесена од актерката пред десет дена.

Имено, и покрај сите обиди на Амбер Херд, судот го одбил нејзиното барање да ја укине пресудата донесена во корист на нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп.

Нејзината жалба е одбиена бидејќи не била поткрепена со легитимни причини, како што се наведува.

Да потсетиме, судењето меѓу Џони Деп и Амбер Херд траеше шест недели, а започна поради написот што актерката го напиша за „Вашингтон пост“ во 2018 година, во кој тврдеше дека била жртва на семејно насилство. Деп ја однесе победата, но Амбер не се предаде после тоа.

Адвокатскиот тим на Амбер Херд потоа поднесе барање за поништување на пресудата, која беше донесена во корист на нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп. Тие побараа не само поништување на пресудата, туку и укинување на обештетувањето од 10,3 милиони долари што Амбер мора да му го плати на Деп.

Адвокатите на актерката тврдеа дека пресудата не е поткрепена со докази и до судот во Вирџинија доставија документ од 53 страници, во кој се опишани сите наводни неправилности за време на судењето.

Наведоа дека еден од поротниците е роден 1970 година, додека во судските документи пишува дека е роден 1945 година.

„Од ова несогласување произлегува прашањето дали „поротникот 15“ навистина добил покана за должност на поротата и дали судот правилно го проверил за должност на поротата“, напишаа адвокатите на Амбер Херд.


Да, сè уште го сакам Џони Деп и ништо не му замерувам: Амбер Херд со шокантна исповед во првото интервју по пресудата (ВИДЕО)

Според науката, Амбер Херд го има најубавото лице на светот, математички пресметано со формулата за убавина: Овие познати дами се веднаш после неа (ФОТО)

„Повеќе пари заработивме од Џони, отколку во најпрометната ноќ“: Деп вака слави по добиената тужба против Амбер