Празниците носат убавина во секој дом: Заев објави семејни фотографии

Премиерот во заминување, Зоран Заев, на својот официјален профил на „Фејсбук“ објави новогодишна честитка и неколкусемејни фотографии.

- Празниците носат посебни чувства на радост, топлина и убавина во секој дом. Да ги искористиме за да се видиме со најблиските, да си раскажеме и заеднички да се подготвиме за новите предизвици. Имајте убави последни денови од 2019 година и дочекајте ја Новата 2020 со љубов и ентузијазам - напиша Заев на социјалните мрежи.