,

Познатиот кошаркар ѝ го скрши срцето, а потоа го сретна него: Љубовната приказна на Ева Лонгорија и човекот на нејзиниот живот

Холивудската актерка Ева Лонгорија и нејзиниот избраник Хозе Бастон веќе шест години пловат низ прекрасна љубовна приказна.

Познатиот пар Ева Лонгорија и нејзиниот сопруг Хозе имаат хармоничен брак во кој уживаат со шест деца.

Меѓутоа, во едно интервју актерката откри дека нивната љубов не се случила на прв, туку на „втор“ поглед.
Првиот пат кога се запознале излегувале од долги врски, тогаш очигледно не било вистинското време да влезат во емотивна врска. Меѓутоа, еден заеднички пријател ги споил по шест месеци, а потоа се појавиле првите искри меѓу нив.


- Не се сеќавам на моментот кога се сретнавме прв пат, бидејќи имавме некоја површна комуникација. Сепак, вториот пат беше многу подобро, веднаш ја почувствував хемијата - беше искрена актерката во една прилика.

 

Двојката се венча на 21 мај 2016 година и сега живее како среќно шестчлено семејство.

Бастон има три деца од претходниот брак, две ќерки и еден син, кои Ева ги прифатила како свои деца.

 Неодамна парот го доби заедничкото дете, синот Сантијаго.

- Тој е многу повлечен човек и не му се допаѓа кога јавно зборувам за него. И јас го разбирам тоа– изјави еднаш Ева за сопругот.

Затоа познатата актерка се труди да не го експонира семејството премногу во јавноста.

Инаку, за Ева ова е трет брак. Од 2002 до 2004 година беше во брак со Тајлер Кристофер, а со кошаркарот Тони Паркер беше во брак од 2007 до 2011 година.

Иако поради него се преселила во Франција и ја ставила својата кариера во втор план, нивната врска се најде под лупа на медиумите кога се дозна дека Тони имал многубројни афери. Иако негираше дека ја изневерувал сопругата, Ева сепак не можела да го преболи тоа и решила да се разведе по четири години брак.

- Не беше важно кого тој избрал. Имав моменти кога се запрашував: „Дали сум доволно секси? Дали сум доволно паметна?" но по повеќето од тие прашања веднаш ќе застанев и ќе си кажев себеси: „Не, не си го прави тоа себеси“.

По тешкиот период, актерката повторно ја пронајде вистинската љубов и сега се обидува да ужива во сите сетила на љубовта со својот сопруг.


Да потсетиме, Ева се прослави со многу улоги во филмови и серии, но публиката најмногу ја памети по култната улога на Габриела Солис во серијата „Очајни домаќинки“.





извор:GLOSSY

Ева Лонгорија една од најважните гостинки на свадбата на Бекамови: Во црн фустан со ризично деколте

Кој би рекол дека има 47 години: 5 изгледи на Ева Лонгорија кои може да ги копирате

Триковите на Ева Лонгорија за совршена линија: Две работи се доволни за да изгледате како бомба

Преслатко видео: Ева Лонгорија го учи синчето да готви