Познат рапер ѝ фрлил око на Северина: Порано ја шеташе Џенифер Лопез, а сега во ресторан ја мерка пејачката

И Пи Диди се нашол во Хрватска на одмор како и многу други ѕвезди, но во oчи му „паднала“ Северина, која случајно се нашла во истиот ресторан со него.

Познатиот американски рапер Пи Диди, кого некои го паметат и како Паф Деди, е исто така една од ѕвездите кои летово решија да се одморат во нашето соседство - во Хрватска.

Тој моментално летува во Корчула, каде во моментов е убавата пејачка Северина со своите пријателки, која, како што стојат работите, му привлекла око на познатиот музичар.

Имено, на видеото кое е направено во ресторан може да се види како Пи Диди ја мерка Северина, но сепак немал храброст да ѝ пријде.

Вакво нешто не е чудно ако се земе предвид дека Северина е една од најубавите жени на нашите простори, и дека ретко кој може да остави рамнодушен.

Инаку, пријателите на Северина се пофалија дека го запознале и Метју Меконахи како и Вуди Харлесон, а можно е наскоро да видиме уште познати фаци на хрватското приморје.