Од септември до ноември - три фотки, иста килажа, а огромна трансформација: Миа Костова покажа колку се променило нејзиното тело по 47 денови вежбање

Миа Костова од септември годинава си постави предизвик да вежба 100 дена, и по поминати 47 денови во теретана, инфлуенсерката ги покажа одличните резултати благодарение на нејзината посветеност и упорност.

Миа Костова мотивира со трансформацијата: Покажа како изгледа после 24 денови вежбање (ФОТО)

Костова најпрво направи пресек по 24 денови во теретана кога покажа голема трансформација, а сега резултатите се уште повидливи по 47 денови вежбање.

Таа објави фотки од септември, октомври и ноември, каде како што вели килажата е иста, но трансформацијата на телото е голема.

Таа секојдневно ги инспирира нејзините следбеници со фотки од теретана и ги потсетува зошто е добро да вежбаат, не само за физичкиот изглед, туку и за менталното здравје.

Таа неодамна откри дека откако вежба се чувствува многу подобро психички, а објави и фотографии од периодот кога била најслаба, апелирајќи дека слабото не значи здраво.


Може да ве интересира:

Има совршено тело, сака мотори и тетоважи: Миа Костова со уникатна и откачена порака за роденденот на мајка си

Миа Костова го прослави 38-от роденден: На забавата сите беа облечени во црно (ФОТО)