Наследничката на Сваровски империјата беше со еден маж од 16 години и се омажи во венчаница од милион долари: Сега го остави за млад милијардер од кој не се разделува

Викторија Сваровски, наследничката на империјата Сваровски, деновиве престојува во Монако во друштво на својот партнер Марко Матешиќ, австрискиот милијардер и син на основачот на компанијата „Ред Бул“ Дитрих Диди Матешиќ. Двојката беше фотографирана во Монако, на една од најпрестижните трки во светот на Формула 1. И двајцата им позираа на фотографите со широки насмевки на лицата, а Викторија блескаше во трендовски тексас комплет.

Инаку, убавата 29-годишна девојка на крајот на март објави дека се разведува од инвеститорот Вернер Мерц (46) со кој беше во брак шест години, а парот беше заедно уште од нејзините тинејџерски денови. 

Се шпекулираше дека причина за разводот е тоа што таа се вљубила во младиот и згоден Матрешиќ, но тогаш ниту еден од нив не ги потврди гласините за романса. Сега е јасно дека претпоставките биле точни. Тогаш австриските и германските медиуми пишуваа и дека парот почнал да се гледа во јануари, и дека брзо се зближиле и биле видени заедно на трките во Ханенкам. 

Викторија Сваровски стапила во врска со поранешниот сопруг во 2010 година, кога имала само 16 години, а двојката раскинала во 2017. Се венчале на раскошна церемонија во луксузното италијанско летувалиште Портопиколо. Свадбата траела три дена, а вклучувала екстравагантни вечери и танцови забави, најскапа храна и пијалаци и секако - гостите носеле најскапа облека. 

Самата Викторија носеше неверојатно гламурозна венчаница вредна милион долари, на која имаше околу 500 илјади кристали Сваровски и тежеше приближно 45 килограми! 

Наследничка, но и поп ѕвезда и успешна водителка

Инаку, оваа Австријка имаше успешна музичка кариера во тинејџерските години и раните 20-ти години, а во 2014 година дури настапуваше и на Зимските олимписки игри во Сочи, а во 2010 година сними музика за холивудскиот филм „The Chronicles of Narnia: The Voyage of the Dawn Treader“.


Денес, Викторија е посветена на нејзината телевизиска кариера - таа е водителка на натпреварувачкото шоу „Ајде да танцуваме“. Таа е и инфлуенсер - над половина милион луѓе ја следат на Инстаграм, а соработува и со бројни познати брендови. 

Можеби очекувано, но оваа дама е и своевидна стилска икона во Германија и Австрија, но и меѓу добрите модни познавачи ширум светот. Таа е редовна гостинка на приватни забави на познатите личности, но секогаш можеме да ја видиме во првиот ред на Модните недели и на црвениот тепих на престижни настани.


Фото: Youtube - screenshoot/Инстаграм/Инстаграм - screenhsoot

https://www.zenskimagazin.mk/naslednichkata-na-imperijata-od-16-godini-e-so-eden-chovek-se-omazi-za-nego-vo-venchanica-od-milion-dolari-so-500000-kristal