На местото на кое си кажаа „ДА“: Ана Ивановиќ и Бастијан за првпат ги покажаа синовите Лука и Леон (ФОТО)

Синовите на Ана и Бастијан конечно во јавност

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер практикуваат да ја посетат Венеција, Италија на почетокот на секоја есен, бидејќи токму во романтичниот град на вода, си ветија вечна љубов во 2016 година.
Иако со години се чести гости на ова италијанско туристичко место, оваа година нивната посета на Венеција е посебна. Имено, тие на ова патување ги одведоа своите миленици Лука и Леон и на тој начин создадоа невидена сцена за јавноста - целото семејство заедно.

Беше невозможно да се одбранат од папараците, но тоа не ја расипа забавата на преслаткото семејство. Познатата српска тенисерка и нејзиниот сопруг на најмалите им ги покажаа сите глетки, а момчињата како и сите деца најмногу уживаа во италијанската пица и сладолед. 

Случајните минувачи се согласиле дека е невозможно да не се забележи колку момчињата неодоливо личат на нивниот татко. Руса коса, светол тен, веќе на прв поглед се гледа дека наследниците се копија на бившиот фудбалер, а дали талентот за белиот спорт го наследиле од мајка си или се надарени за фудбал како татко им, ќе видиме за неколку години. 

Синовите Лука и Леон се една од најголемите тајни на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, бидејќи до сега никогаш не биле видени во јавност.
Сега, за сите е интересно да видат колку личат на своите познати родители.

Ана се одлучи за едноставен и лежерен стајлинг, а Бастијан и синовите ја следеа со слични комбинации.

извор:svet-scandal
фотографии:profimedia