На изборот за Мис фотогеничност на Женски магазин победи убавица која фотоапаратот ја сака најмногу

И официјално, Изборот за Мис фотогеничност на Женски магазин е завршен. Од одбраните десет финалистки за кои можевте да гласате на нашата Фб. страна со стискање на опцијата „Лајк“, најмногу лајкови доби 24- годишната Христина Стефановска- преку 1000. 

Од друга страна, имавме и стручно жири во состав: Ивана Кнез, модна дизајнерка, Алек Наумовски, моден менаџер и Даниел Николовски стилист за шминка и фризура. 

Еден глас од нив го претворивме во 100 лајкови. Па така, Кнез гласаше за Ивана Петреска, а Наумовски и Николовски за Константина Ѓурковиќ. Сепак, нивните гласови не го загрозија првото место на Стефановска.


Им благодариме на сите оние кои гласаа, жирито и на сите учеснички во изборот.

Победничката Христина Стефановска ќе добие ексклузивен моден едиторијал со креации од реномираниот македонски бренд „Бела„, подарок- нивна креација и интервју за нашиот магазин на кој ќе излезат и фотките од едиторијалот.


Р.Ж.М.