Каролина, „Црвена јабука“, „Нокаут“ и многу повеќе: Крива Паланка беше центарот на музиката деновиве

Полн плоштад, весели луѓе и празнично расположение со музика за сечиј вкус.

Вака помина викендов во Крива Паланка, каде по дводневното журкање практично завршува и летото во овој град.

Особено интересно е што еден по друг ден викендов се славеа неколку важни моменти во македонското живеење, а особено во овој град, па многу познати ѕвезди продефилираа на сцената забавувајќи ги луѓето од сите генерации и од повеќе градови во државава, кои решија празничниот викенд да го поминат тука.

Најпрва забавата почна во сабота со одлжување на деветото изание на музчкиот фестивал „Џој Фест“, кој инаку стартуваше пред 11 години, но поради пандемијата имаше пауза од две години.
Прв оваа вечер настапи Бени и „Нон стоп“, кој настапуваше  и на првото издание на „Џој Фест“. Публиката реагираше со кренати раце и на неговите авторски песни, но и на познатите балкански хотви кој тој им ги подари на присутните.

По него настапи Каролина, која прв пат е дел од овој фестивал и која рече дека за следно гостување не треба да се чекаат нови 11 години, туку се надева на многу побрза средба со кривапаланечката публика.

За крај на фестивалот на сцената се појавија „Бас брадарс“, четири момчиња кои не им дадоа на присутните да си заминат дома, туку играа со нив на познати светски хитови до раните утрински часови.

Следниот ден, недела, беше Денот на рударите, но и христијанскиот празник Богородица, кој во Крива Паланка се слави традиционално на манастирот „Св. Јоаким Осоговски“. По традиција во приквечерите се посетува манастирот, не само за „Богородица“, туку и се дочекува „Св. Јоаким Осоговски“.

Оваа вечер, пак, плоштадот се наполни со публика, која беше дојдена да ги слушне „Црвена јабука“, Аца Лукас и на крај вечерта заврши со прекрасните „Нокаут“.

Колку сакаме да признаеме или не балканските пејачи се пожелни во Македонија, а тоа уште еднаш го докажаа со зовриената весела атмосфера која траеше после полноќ.