Моника Белучи ваква никогаш не сме ја виделе: Подвезици, нога во вис, проѕирно здолниште - актерката направи хаос на Инстаграм

Моника Белучи (58) во најновото грчко издание на магазинот „Вог“ заедно со тим стилисти успеаја да состават провокативно и елегантно модно појавување.

Едиторијалот во соработка со фотографката Елен фон Унверт, која на почетокот на годината ја фотографираше ќерката на Моника, Дева за модната кампања на брендот „Диор“, ги воодушеви следбениците на Инстаграм на италијанската убавица. 

На насловната страница на грчкиот Vogue во март, Моника Белучи носи спортска јакна Шанел и капа Куртоа Париз, покажувајќи ја способноста на модата да го комбинира некомпатибилното.


Во модниот едиторијал италијанската актерка носеше парчиња од најголемите модни имиња и брендови како „Шанел“, „Сен Лоран“, „Кристијан Лоботин“ и „Долче и Габана“. 

Актерката немаше проблем да позира во попровокативни изданија со подвезици или во проѕирно здолниште од тул. Како што напишаа уредниците на грчкиот „Вог“ во едиторијалот кој го најавува појавувањето на Моника во магазинот: „Таа е визионер. Жена со безвременска убавина и елеганција“.



Францускиот весник „Paris Match“ на крајот на февруари објави дека нов партнер на Моника Белучи е познатиот режисер Тим Бартон.

Да потсетиме, Тим Бартон долго време беше во врска со актерката Хелена Бонам Картер, која веќе беше дел од емотивната драма на колешката Ема Томпсон, која јавно проговори за тоа како нејзиниот сопруг ја изневерувал со Хелена во деведесетите.

Иако во текот на 2022 година и на почетокот на оваа година се пишуваше дека Белучи е во врска со францускиот фризер Џон Ноле, кој е седум години помлад од неа, се покажа дека гласините и приказните не се точни.


Фото: Youtube - screenshoot/Инстаграм

Ова е мајката на Моника Белучи: Скоро никогаш не е видена во јавност, а актерката од неа ја наследила убавината (ФОТО)