МОЕТО АНГЕЛЧЕ, МОЈАТА АН, МОЈАТА СВЕТЛИНА И БОЖЕСТВЕНА ЉУБОВ - Јулија и пријателите се збогуваат со прерано починатата Андријана

Денеска ќе биде погребана Андријана Мациева, уметница, ќерка на водителката и пејачка Јулија.

Јулија Мациева со бескрајна болка прфеку социјалната мрежа фејсбук соопшти дека денеска телото на нејзината ќерка ќе биде изложено во капела на градските гробишта во Бутел. 

„Телото на моето ангелче, на мојата Андријана, на мојата Ан, мојата светлина, божествена љубов и добрина, ќе биде изложено денеска петок, 13.05, во 14 часот, во капелата на градските гробишта Бутел“, пишува Јулија.

Моја Ан, летај мајкино со ангелите, низ болка се збогува Јулија. 

Речиси цело Скопје, сите нејзини роднини, пријатели и познајниоци, низ болка се збогуваат со младата Андријана, која за жал, ја изгуби битката со ракот по долго боледување.

Подетално читајте на Фактор тука.