Модерен дом проткаен со луксузни детали: Секоја ситница има свое место, а вака изгледа домот на „Практична жена“ (ФОТО)

Таа им помогна на многу луѓе да научат да готват, сподели безброј корисни трикови за чистење на домот, а ретко кога имавме можност да видиме како всушност изгледа нејзиниот дом.

Наташа Павловиќ, популарната водителка на шоуто „Практична жена“ со години се занимава со работа во која ужива во секој момент.

Таа во својата емисија често споделува совети за уредување на домот, им помага на домаќинките да добијат идеи за слатки и солени работи кои можат да ги подготват дома.

Не и недостигаат идеи за чистење и перење, но има и трикови за убавина, одржување на виткост и совршени линии.

Сепак, она што многумина се прашуваат е како изгледа домот на оваа убава водителка во реалниот живот.

Наташа во 2008 година се омажи за Предраг Павловиќ, со кој три години подоцна го доби синот Олег, а во 2017 година и второто момче.

Кога ќе се исклучат телевизиските камери, Наташа се враќа во семејното гнездо каде најмногу сака да поминува време во кујната.

Нејзиниот дом е простран, модерно опремен, но има и прекрасни луксузни парчиња мебел.

Сепак, кујната е едноставна, во бела боја, опремена да го олесни секој момент поминат во подготовката на семејните оброци.


Кога ќе завршат сите обврски, Наташа сака да ужива во својот омилен пијалак во нејзината зелена оаза, градина која ја уредила по свој вкус.


Големата лежалка често е нејзин вистински пријател по напорниот ден полн со обврски.

Борбата за второ дете траела долго, но таа верувала и немала намера некогаш да се откаже од проширувањето на семејството.


Во една прилика, таа зборуваше за проблемот што го имаше:

- Не можам да кажам дека имав многу тешки моменти или дека паднав во депресија бидејќи имам дете. Веројатно би ми било многу потешко да немам дете, па ги разбирам жените кои толку желно го очекуваат своето прво дете, а се‘ уште поочајни кога ништо не се случува. Но, тогаш, од целиот тој стрес, тие имаат уште помала можност да се опуштат и да забременат. Тие влегуваат во брза лента и целосно ги разбирам. Сето тоа е многу тешко за жените кои сакаат да станат мајки – изјави претходно Наташа за „Блиц пулс“.


Фото: Инстаграм/Фејсбук

Фото насловна:

Можеби ќе ве интересира:

Со помош на оваа исхрана ослабела 10 килограми: Менито на „практичната жена“, водителката Наташа Павловиќ