МИРКУЛОВСКИ СО ЌЕРКИТЕ : ОДМОР НА ШАПКА

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Миркуловски, продолжениот викенд го помина на Попова Шапка. Во релаксирана атмосфера со блиски семејни пријатели, Миркуловски одмараше со сопругата Благица и со двете ќерки Јована и Ања во вилата „Кондор“.

Семеен ручек на чист воздух.- Миркуловски на Попова Шапка 

Филип и Благица се во брак од 2012 година. Постарата ќерка Јована има пет години, а помалата Ања, две. 

„ Со Филип сме заедно од тинејџерската возраст. Заедно завршивме средно училиште, заедно се запишавме на Правен факултет, јас редовно, а Филип поради професионалните обврски вонредно. Љубовта која ни започна на шеснаесет години ја крунисавме со брак во 2012 година, а Јована ни се роди наредната година“, изјави Благица, сопругата на Филип во претходно интервју. Таа е магистер по уставно право, но поради честите селења со сопругот, вели дека немала време да и се посвети на својата кариера. 

Миркуловски со сопругата Благица и со пријателот Зоран Јотовски 

За родендените на своите ќерки, познатиот ракометар секогаш објавува емотивни статуси на својто фејсбук профил. Јована и Ања, заедно со мајка им се чести гости на натпреварите таткото. (М.Џ.)